Во февруари фирмите повлекле 20 милиони евра од банките

Bez autora
Mar 23 2015

Компаниите во земјава во февруари повлекле над 20 милиони евра од своите сметки во банките. Ова го покажуваат податоците кои деновиве ги објави Народна банка на Македонија, а кои се однесуваат на состојбата на депозитите во банкарскиот систем. Или, во февруари депозитите на фирмите стигнале до ниво од 1,038 милијарди евра, откако во јануари изнесувале 1,058 милијарди. Ова повлекување средства на бизнис-секторот од банките, односно 20,4 милиони евра за само еден месец, следува откако подолг период наназад компаниите постојано ја зголемуваа својата депозитна база во банките, а најголем раст беше забележан во декември, минатата година.

Во февруари фирмите повлекле 20 милиони евра од банкитеКомпаниите во земјава во февруари повлекле над 20 милиони евра од своите сметки во банките. Ова го покажуваат податоците кои деновиве ги објави Народна банка на Македонија, а кои се однесуваат на состојбата на депозитите во банкарскиот систем. Или, во февруари депозитите на фирмите стигнале до ниво од 1,038 милијарди евра, откако во јануари изнесувале 1,058 милијарди.

Ова повлекување средства на бизнис-секторот од банките, односно 20,4 милиони евра за само еден месец, следува откако подолг период наназад компаниите постојано ја зголемуваа својата депозитна база во банките, а најголем раст беше забележан во декември, минатата година. Пораст, иако минимален, од нешто помалку од еден милион евра, беше регистриран и во јануари оваа година. Во наредниот период може да се очекуваат попрецизни објаснувања зашто компаниите ја повлекле оваа сума и за каква цел ги искористиле овие нивни средства. Според објаснувања на банкарите, оваа категорија многу често варира, па одредени месеци се регистрираат зголемувања, а други месеци значајни намалувања на депозитите на фирмите во банките.

Наспроти фирмите, граѓаните не престануваат да вложуваат нови штедни влогови во банките, и покрај постојаното намалување на каматната стапка, односно на заработувачката што ја остваруваат по овој основ. Па така, на крајот на вториот месец од годинава, депозитите кај секторот домаќинства во нашите банки достигнал близу 3,35 милијарди евра, што е пораст за 22,6 милиони евра во споредба со еден месец претходно, зборуваат податоците на централната банка.

Покрај приватните компании и граѓаните, кои поседуваат најголем колач од депозитите во банките, во февруари имало позначајно зголемување на депозитите на јавните нефинансиски друштва, за 6 милиони евра, а се намалиле, пак, депозитните средства на локалната самоуправата.

Или вкупните депозити во вториот месец од годинава пораснале за 15 милиони евра, достигнувајќи 4,69 милијарди евра на ниво на цел банкарски сектор во земјава.

Притоа, ако се набљудуваат според валутата, во февруари е регистриран поголем пораст на влоговите во странска валута, за околу 13,3 милиони евра, наспроти месечниот раст на депозитите кои се чуваат во денари, за околу два милиони евра. Но, штедењето во домашната валута и натаму го држи приматот пред она изразено во девизи. Односно, на крајот на февруари во нашите банки се чувале 2,75 милијарди евра во денари, наспроти 1,94 милијарди колку што држат граѓаните во странска валута.

Кога станува збор за кредитите, пак, во февруари тие се зголемиле за околу 15 милиони евра, достигнувајќи ниво од вкупно 4,14 милијарди евра на крајот на вториот месец од годината.

Но, фирмите и натаму немаат многу корист од овој раст на кредитниот колач. Односно, во февруари кредитирањето кај компаниите се зголемило за околу 900 илјади евра, што, сепак, може да се смета дури и за позитивно придвижување, откако во јануари кредитирањето на бизнис секторот се намали за цели 25 милиони евра.

Оваа ситуација е многу изненадувачка, бидејќи минатата година македонските фирми конечно можеа да се пофалат дека банките не ги избегнуваат за кредитирање како што се случуваше во претходниот период. Односно, само што се доби впечаток дека домашните банкари го одврзаа ќесето за кредитирање на компаниите, јануарскиот пад повторно говореше за своевидна банкарска скепса за кредитирање на домашната економија.

Граѓаните, пак, во вториот месец од годинава добиле ново кредитирање од над 10 милиони евра, што значи дека банките и натаму остануваат верни на својата традиција, а тоа е штедро да ги кредитираат физичките лица, кои, пак, се покажуваат како многу подисциплинирани враќачи на заемите во споредба со бизнис-секторот.

Лошите кредити во февруари изнесувале околу 470 милиони евра, или околу 11,3 отсто од вкупното кредитно портфолио, што е речиси идентично ниво како и во јануари, што значи дека немало ни раст, ни пад на лошите заеми во вториот месец од годинава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik